Црква „Св. Илија“ - Лактиње
Св. Илија — црква во охридското село Лактиње, Општина Дебрца, стилски претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.[1] Ова е гробишен храм, изграден врз постара црква, за што сведочат доцносредновековните гробови околу него. Остатоците од старата црква се зачувани во олтарниот простор. Поновата црква е голема базилика од кршен камен со калкански покрив и петстрана апсида на исток. Од западната сттрана, до задпадниот влез има голема камбанарија. Црквата е изградена од мајсторот Максим Илиев Здравев во 1923 година, како што може да види од натписот на мермерна плоча лево од главниот влез. Во западниот дел има женска црква. Според натписот одвнатре на јужниот влез, храмот бил живописан за време на епископот Николај Охридски во 1927 г. од браќата Ѓорѓи и Димитар Андонови од Гари.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia