Димитар Андонов
Димитар Андонов (Донев) Петров (1856 - 1934) — македонски зограф и иконописец, припадник Дебарската школа и зографскиот род Ангелковци. ЖивотописРоден е во 1856 г. во Гари, Дебарско, во семејството на зографот Андон Петров. Работел во Прилепско, Кавадаречко и Мариово заедно со татко му, чичко му Спасе и браќата Ѓорѓи и Нестор Андонов.[1] Димитар Андонов, Ѓорѓи Андонов и Ефтим Спасов се автори на фреските во „Вознесение Христово“ во Долнени. Околу 1919 г. Крсте Николов Колоски заедно со синот Рафаил и мајстор Димитар Андонов твореле во црквата „Св. Атанасиј|Св. Атанасиј“ во тетовско Радиовце.[2] Димитар Андонов ги насликал иконите и фреските на црквата „Св. Петар и Павле“ во село Мешеишта.[1] Во 1927 г. со брат му Ѓорѓи го живописале храмот „Св. Илија“ во Лактиње.[3] Починал во 1934 г.[1] Син му Илија Димитров Андонов се занимавал со истата уметност. Заедно со братучед му Андон (Доне) Георгиев Андонов во 1938 г. ги насликале живописите во црквата „Св. Димитриј“ во Атишта и во други села во Кичевско. Илија подоцна се преселил во Шумен, каде почнал да се занимава со слаткарство.[1] ![]()
Родословие
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia