Црква „Св. Илија“ - РамнеЗа археолошкото наоѓалиште, видете Св. Илија (Рамне)
Свети Илија — главна селска црква во охридското село Рамне.[1] Во рамки на црковниот двор се наоѓаат и селските гробишта. МестоположбаЦрква се наоѓа над самото сретсело. ИсторијаСпоред натписот што е сместен над влезната врата, црквата била подигната во 1907 година.[2] АрхитектураЦрквата е еднокорабна со галерија на кат и купола. Била изградена од кршен камен,[2] а вратата, прозорците и венецот од делкан бигор, како и апсидата, која е полукружна и со седум слепи ниши. Во средината на прозорецот е изделкан крст.[3] ФрескоживописФрескоживописот во црквата бил изработен во 1944 година од страна на Рафаил Крстев и син му Крсте Рафев од селото Лазарополе.[2] Други објектиВо периодот од 1984-1995 година, со помош на селаните се изградени: црковна трпезарија, камбанарија и бил променет кровот на црквата.[2] Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia