Рамне (Охридско)За други истоимени места, погледајте Рамне.
Рамне — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид. Потекло на иметоСелото најпрвин запишано како Рамне се сретнува во 1230 година во пишани документи. Се верува дека самото име означува „село“. Првобитно селото се викало Рамна, а подоцна под влијание на многуте имиња со завршеток -е, селото станало Рамне.[2] Географија и местоположба![]() Ова село се наоѓа во Охридското Поле, во источниот дел на Општина Охрид, недалеку од градот Охрид.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 960 метри.[3] Селото се наоѓа на зарамнета варовничка тераса на северозападната падина на планината Галичица, на надморска височина околу 1.000 метри, поради што (најверојатно) и го добило името Рамне. Од повеќе извори над селото се создава мала река, која се влева во Охридското Езеро. Атарот на селото се распослува на планината Галичица.[4] Варовничкиот состав на земјиштето овозможува изобилство од вода и доста силен и поволен водостој на селската чешма, кој овозможува покрај за пиење, водата да се користи и за наводнување преку летото. Богатите извори со вода се користат и за водоснабдување на градот Охрид. Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Поник, Паќе, Прчибаба, Лом, Габер, Дрење, Биглиште, Макла, Широка Полена, Туша Варница, Рамна Нива, Ливадиште, Рамниште, Гумниште и други.[4] Историја![]() Подрачјето на Рамне е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Рамненски Лозја на околу 1 км северно од селото.[5] Рамне спаѓа во редот на најстарите села во Охридско. Најверојатно е основано во раниот среден век, за што сведочи и напишаниот Рамненски псалтир од овој период.[4] Во XIX век, Рамне било село во Охридската каза на Отоманското Царство. Рамненски псалтирЗа потребите на црквите во рамките на Охридската книжевна школа, а и подоцна до XV век биле создадени бројни богослужбени книги. Голем број од ракописите од освоjувачите се однесени од Охрид во Болоња, Москва, Софија, Белград, Загреб, Прага, како и во други центри. Особено е значаен Болоњскиот псалтир, значаен македонски книжевен ракопис кој денес се наоѓа во Болоња (Италија) по што го добил и името. Во него има 264 пергаментни листови. Книгата ја напишале книжевниците Белослав, Јосиф и Тихота од селото Рамне, во периодот од 1230 до 1242 година. Ракописите од тоа време обично биле пишувани со рака на пергамент, а биле и богато украсени со орнаменти и позлата. Болоњскиот псалтир се цени дека е еден од наjубавите словенски ракописи од XIII век. Редакцијата е македонска, а правописот карактеристичен за Охридската книжевна школа. Стопанство![]() Атарот зафаќа простор од 19,2 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.039 хектари, на шумите отпаѓаат 634 хектари, а на обработливото земјиште 163 хектари.[3] Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3] До Втората светска војна, жителите на Рамне сечеле дрвја од Галичица, кои ги продавале за огрев во Охрид, а потоа во Охрид работеле како надничари и наемни работници за време на окопување на лозјата и бавчите, а исто така работеле на изградба на патиштата во околината. Во минатото на планинската падина околу Рамне се граделе дупки за вар, која подоцна со помош на коњи била пренесувана и продавана во Охрид и Ресен.[4] Денес, најголемиот број од жителите својата работна активност и остварување на приходи ја остваруваат со вработување во Охрид. Исклучок се неколкуте сточари и собирачи на лековити билки и ароматични растенија. Од сточарството денес, најзстапени се одгледувањето на кози, крави и овци, а од полјоделството одгледување на жита (пченица и пченка) во рамничарскиот дел на терасата под селото и во многу мал дел градинарство (домати, пиперки) за сопствени потреби. Население
Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рамне имало 20 домаќинства и 70 жители.[6] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рамне живееле 140 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Рамне имало 144 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рамне е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 18 куќи.[9] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[10] Селото е средно по големина. Тоа, во 1961 година броело 407 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 589 жители, од кои 563 се Македонци, девет Турци и тројца жители Албанци.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Рамне живееле 632 жители, од кои 594 Македонци, 11 Турци, 6 Срби, 2 Власи, 2 Албанци и 17 останати.[11] Реалниот број на постојани жители во селото е мал, 2-3 домаќинства со десетина постојани жители. Сепак, на пописот на населението спроведен во 2002 година, 632 се изјаснале како жители на селото Рамне. Од нив 559 се лица постари од 15 години. Според пописите Рамне бележи постојан пораст на населението. Ваквите бројки на населението произлегуваат од тоа што куќите од крајот на градот Охрид во подножјето под Галичица се дел од атарот и катастарски припаѓаат на селото Рамне. Поголемиот број на куќи во самото село се стари и напуштени, изградени од камен и плитар. Изградени се и нови современи куќи кои повремено се користат. Немањето водовод е една од причините за тешката услови за живот во селото. Старата училишна зграда е сведок за времето кога се вршела настава за ученици од основно образование. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 617 жители, од кои 595 Македонци, 2 Албанци, 1 Турчин, 2 Власи, 7 Срби, 4 останати и 6 лица без податоци.[12] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиРамне е чисто македонско православно село. Се верува дека сите припаѓаат на еден староседелски род.[4] Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Рамне, се наоѓале и селата Велгошти, Велестово, Елшани, Лескоец, Љубаништа, Коњско, Пештани, Скребатно, Трпејца и Шипокно. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Велгошти, во која влегувале селата Велгошти, Лескоец, Рамне и Скребатно. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1303 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[18] Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настани
Личности
ИселеништвоПоради непосредната близина на градот Охрид, најголемиот дел од населението е иселено во Охрид. Во 1918 година жителите на Рамне купиле плодна земја на котлинското дно крај Охрид, денес на тоа место наречено Видовиште се наоѓаат куќите во кои живеат најголем дел некогашните жители на Рамне и нивните потомци.[4] Во поново време има иселеници во САД и Австралија. Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia