Рафаил Крстев
Рафаил (Рафе) Крстев Дулев Коловски — македонски зограф и иконописец. ЖивотописРоден е во мијачкото село Лазарополе. Припаѓа на големиот зографски род Дулеви (Колоски), чии основоположници се Дуле и син му Никола. Рафаил е син на истакнатиот зограф Крсте Николов Колоски кај кого се обучувал за зограф и со кого често работел по обуката. Брат му Русалим Крстев исто така станал иконописец.[1] Иконите во црквата „Св. Богородица“ во охридското село Волино се изработени од Крсте Н. Колоски и син му Рафаил Крстев.[2] Околу 1919 г. Крсте заедно со син му Рафаил и мајсторот Димитар Андонов творел во црквата „Св. Атанасиј“ во Радиовце, Тетовско. Во 1920-тите Крсте со Рафаил ја живописал новата манастирска црква „Сите Светители“ во охридско Лешани.[3] Во 1923 г. Рафаил ги насликал иконите за црквата „Св. Троица“ во Горенци, Охридско.[2] Рафаил ја живописал црквата „Св. Мина“ во охридско Коњско заедно со татко му во 1928 г.[2] Во 1929 г. двајцата ја живописале црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Скребатно, исто така во Охридско.[2][3] Рафаил имал два сина, Крсте и Владимир, кои ги обучувал за зографи и со кои заеднички работел. Во 1944 г. Рафаил и Крсте ги насликале црквите „Св. Илија“ во Рамне и „Св. Кузман и Дамјан“ во Пештани.[2] Истата година Рафаил заедно со двата сина ја живописал и црквата „Св. Илија“ во Елшани. Во 1946 г. Рафаил го насликал манастирот „Св. Илија“ кај Велгошти.[2]
![]() Родословие
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia