Црква „Св. Илија“ - Стровија
Свети Илија – главна селска црква во селото Стровија.[1] Сместена е во крајниот западен дел од селото. ИсторијаЦрквата била изградена во XIX век.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида украсена со три слепи ниши на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на јужната страна и над него има ниша со фреска на Свети Илија. Кон западната страна на храмот е дограден помошен објект. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата и дел од селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и се состои од два дела. На секоја страна од долниот дел има по една монофора, додека на секоја страна од горниот дел има по една бифора. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia