Црква „Св. Климент Охридски“ - Штип
Свети Климент Охридски — црква во штипската населба Сењак. ИсторијаКамен-темелник за изградба на црквата бил поставен во 1997 година од страна на тогашниот митрополит на Брегалничката епархија г. Стефан. Изградбата на црквата завршила во 2012 година и истата била осветена на 4 ноември истата година од страна на Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и во присуство на митрополитите на Преспанско-пелагониската епархија г. Петар, на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј, на Повардарската епархија г. Агатангел, на надлежниот митрополит на Брегалничката епархија г. Иларион, како и на други црковни лица. Со свеченоста на осветувањето воедно се одбележал и 45-годишниот јубилеј од возобновувањето на Охридската архиепископија.[1] АрхитектураЦрквата претставува крстокуполен храм, при што куполата е со осумаголна основа. Градбата во целост е фасадирана и обоена во бела боја. Дрворезот на иконостасот е изработен од страна на штипскиот копаничар Стојмир Веселинов, а иконите се дело на скопскиот зограф Никола Цонев.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia