Првобитно, возобновување било замислено црквата да се гради на неколку метри од старите темели, односно на самиот плоштад „Македонија“ во Скопје. Но, по бурните реакции и несогласувања на муслиманите и атеистите, локацијата била преместена непосредно до Домот на АРМ и недалеку од автентичното место на скопскиот плоштад. Осветувањето на темелите било извршено на 11 ноември2012 година лично од поглаварот на МПЦг.г. Стефан, во сослужение со митрополитот брегалнички Иларион и свештеници од Скопската епархија. На настанот присуствувале премиерот Никола Груевски, министри од Македонската влада и градоначалниците на Скопје.[3]
Идејното решение и основниот проект на црквата било изработено од архитектите Искра и Лековска и Владимир Лековски од студиото „Лелелеле“ од Скопје, додека изградбата на црквата ја вршела фирмата „Бетон“. Црквата е во форма на крст и има една централна и четири помали куполи, како и четири апсиди и една олтарна апсида. Камен-темелникот бил поставен на 11 ноември2012 година, а инвеститор на изградбата била МПЦ која за таа цел ја основала Фондацијата „Свети цар Константин“. За да собере пари за изградба на црквата, фондацијата одржала три донаторски конференции. За потребите на црквата биле изработени 12 камбани, направени во фабриката „Грасмаер“ од Инсбрук, од кои, најголемата камбана е со тежина од 8,3 тони, а втората и третата камбана тежат 3,5 и 2,3 тони. Пластичната декорација и иконите на камбаните се дело на Дарко и Елена Дуковски. На најголемата камбана стои натписот: „Во слава на пресветата и единосушна тројца, отецот и синот и светиот дух и во чест на светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена, се излеа ова ѕвоно во летото на Христа 2014“, додека на второто по големина ѕвоно стои натписот: „Боже чувај ја татковината наша света македонска и нашиот благоверен народ“.[2]
Наводи
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑ 2,02,1Анела Петрова, „Ќе создаваат музика во три октави во празниците и неделите“, Дневник, година XIX, број 5862, петок, 11 септември, стр. 20.