Црква „Св. Никола“ - Јагол
Свети Никола — главна селска црква во кичевското село Јагол, Македонија.[1] Црквата се наоѓа надвор од селото и околу нејзе се наоѓаат селските гробишта. МестоположбаЦрквата е сместена покрај селото во југозападна насока.[2] ИсторијаХрамот бил подигнат во почетокот на 1848 година, а во 1936 година бил изграден уште еден кат.[3] Некое време црквата претставувала соборна црква за околните села, кои во минатото сите биле македонски. Тоа биле селата Мидинци, Букојчани, Осломеј, Ново Село, Јагол Доленци, Поповјани, Лешница, Бериково, Арангел, Србица, Туин и Железна Река (околина на Гостивар).[2] Од натпис над главниот влез, дознаваме дека црквата била обновена во внатрешноста, како и дека добила нова фасада во 1997 година. АрхитектураИконостасЦрквата поседува иконостас, кој бил изработен во 1938 година од страна на браќата Јоаким и Томо Николоски од Лазарополе.[3] КамбанаријаНова камбанарија црквата добила во 1996 година. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia