Црква „Св. Никола“ - Љубанци (селска)За други значења на поимот, погл. Црква „Св. Никола“ - Љубанци.
Свети Никола — главна селска црква во скопското село Љубанци.[1] Прогласена е за споменик на културата на Македонија. МестоположбаЦрквата се наоѓа во самото село.[2] ИсторијаНародната традиција наведува дека црквата била подигната во исто време како и познатата Јахја-пашина џамија во Скопје. За градењето на црквата, заслуга има еден предок во денешниот род Ниниќевци, кој добил одобрение за изградба на црквата токму од Јахја-паша.[2] Црквата била повторно поправана во 1881 година.[2] АрхитектураФрескоживописЦрквата поседува живопис, кој потекнува од 1881 година.[2] ИконостасДолго време се верувало дека престолните икони за црквата биле изработени од страна на познатиот мајстор Дичо Зограф. Сепак, при неодамнешните теренски истражувања и увид на самите икони, се дошло до заклучок дека престолните икони во црквата не се дело на самиот Зограф, туку на мајсторот Павле Аврамовски од селото Галичник, кој завршил со работа во црквата во 1881 година. Ова е потврдено и со натписот на сводниот лак, кој се наоѓа на јужната страна од црквата. Веројатно, истражувачите во минатото ја поистоветиле оваа црквата со истоимената манастирска црква, која се наоѓа над самото село Љубанци.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia