Црква „Св. Никола“ - Дервешани
Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — средновековна црква во селото Дервешани, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3] МестоположбаЦрквата е сместена на 1,3 км јужно од Дервешани, во полето под јужните падини на Сминица.[2] ИсторијаХрамот е изграден во XIV век. Веројатно е поврзана со манастирската црква „Св. Никола Кантопулски“, метох на манастирот „Св. Бессребреници“, кој пак бил во владение на Иверскиот манастир. Сè до 1953 г. црквата била во голема мера напуштена и обрасната со растенија. Во 1956 г. е расчистена и лошо подновена, заменувајќи го покривот со бетонска плоча. Првобитниот живопис е зачуван во апсидата на исток — денешната претстава на Богородица Поширока од небесата ја повторува изворната. Датумот на современата мермерна плоча е произволен.[2][3] ОписХрамот е е поствизантиски еднокорабен триконхален храм со купола и внатрешни димензии од 4,50 × 5,23 м со конхите. Сите конхи однадвор се полукружни.[2] На источниот ѕид на апсидата се забележуваат мали фрагменти од првобитните фрески.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia