Црква „Св. Никола“ - Кичиница
Свети Никола — единствена и главна црква во горнореканското село Кичиница.[1] Патронот на црквата се слави на денот на Свети Никола Летен, односно на 22 мај секоја година, кој воедно е и селска слава.[2] ИсторијаЦрквата била изградена во XIX век. Иконите на иконостасот биле изработени во 1849 и 1850 година. Од нив, 32 се забележани и заштитени во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, од кои 14 се со потпис на Дичо Зогаф, а 18 од непознати автори.[3] Од информативната табла поставена над влезната порта од дворот на црквата може да се забележи дека во 2004 година е одобрен проект за обновување на објектот и истиот бил завршен во 2007 година. Во мај 2014 година, црквата била ограбена и од неа биле одземени четири дрвени икони.[4] АрхитектураГрадбата има правоаголна основа со полукружна апсида во задниот дел. Влезната врата е сместена на западната страна, а непосредно пред неа се издига дрвената камбанарија. На ѕидовите од црквата има повеќе прозорци. Црквата е градена од тврд материјал, камен и дрво, од познатите мајстори на мијачката градителска тајфа. Внатрешноста на црквата е живописана, а во живописувањето рабоел и познатиот дебарски мајстор Дичо Зограф.[3] Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени селските гробишта. ИкониВо црквата се сочувани неколку хартиено-графички икони, меѓу кои бакрорезот на Свети Георгиј Јанински, Свети Никола, Архангел Михаил како ја зема душата на грешникот, како и иконата на Свети Јован Претеча со сцени од неговото житие.[5] ![]() Најинтересна меѓу нив е онаа на новомаченикот Свети Георгиј Јанински. Најстарата икона на овој светец е создадена десетина дена по неговата маченичка смрт, на 30 јануари 1838 година од страна на зографот Михаил Зикос од Хјониадес и на неа новомаченикот е насликан со фес на главата. Житието, пофалното слово и службата се составени во текот на 1838 година од јеромонахот Хрисант Лаинас од Коница. Иконата на Свети Георгиј е целосно сочувана со незначителни оштетувања во долниот дел, каде што делумно е оштетен приложничкиот запис. На иконата доминира фигурата на Георгиј Јанински, претставен во народно-епиротска одежда и на главата има фес со пискул. Во десната рака држи крст, а во левата рака палмово гранче како знак на неговото мачеништво. Над неговата глава испишан е натписот на грчки „Ο ΑΓΙΟΣ ΓΕΩΡΓΙΟΣ Ο ΝΕΟΜΑΡΤΥΣ ΟΕΖΖΙ ΩΑΝΝΗΝΩΝ“. Во горниот дел на иконата, носени на облаци, претставени се: Христос, кој го благословува новомаченикот, и од спротивната страна ангелот Господов, кој го носи маченичкиот венец. Зад фигурата на Свети Георгиј Јанински е ведутата на градот Јанина со ѕидините, профаните градби и претстави на цркви, куполни градби и џамија. Над ведутата на градот Јанина испишана е натписот на старословенски „СТЫЙ ГЕωРГЫЙ НОВІИ МҮЧНИКЪ Σ ЯАІНИНО“. Во долниот дел на иконата, до нозете на Свети Георгиј Јанински, претставена е и црквата „Св. Атанасиј“ (грчки: Η ΕΚΚΛΗΣΙΛ ΤΥ ΑΓΙΥ), каде што по неговата смрт се положени неговите мошти, како и чудото што се случило пред црквата. Странично претставени се четири сцени од животот на светецот — од едната страна е Свети Георгиј пред турските старешини, на втората мачењето на светителот со ставање на камена плоча на неговите гради, а од спротивната страна се сцените на испрашувањето на Свети Георгиј пред турските старешини и маченичката смрт на светецот со бесење. Под претставата на светителот испишан е ктиторскиот натпис на грчки „ΔΑΠΑΝΗΣ ΦΙΛΑΡΕΤΥ ΜΝΧΥ ΑΓΙΑ ΤΡΙΑΣ ΠΑΤΡΙΣ ΜΑΙ ΤΥ ΕΙΣ ΑΓΙΟΝ ΟΡΟΣ“.[5] Благодарениe на сочуваниот ктиторски натпис и споредбата со идентичната икона објавена во корпусот на графички икони од Дори Папастрату, како време на нејзина изработка може точно да се одреди 1845 година. Иконата, односно бакрорезот, е настаната по порачка на монахот Филарет од скитот на црквата Света Троица од Света Гора, а како бакрорезец се потпишал златарот Георги Статис Каларитис.[5] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia