Кичиница
Кичиница — целосно раселено село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река. Целата „рурална средина“ на селото е прогласена за културно наследство на Македонија. Потекло на иметоИмето на селото доаѓа од неговиот основач Кичин, кој дошол од Врање или од Куманово. Кичин зимувал со стоката во околината по пештерите.[2] Географија и местоположба![]() Ова село се наоѓа во областа Горна Река, во средишниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Сместено е на североисточната падина на планината Бистра. Селото е раселено уште од 1961 година.[3] Селото е сместено доста високо на 1.420 метри надморска височина. Селото е сместено во мало проширување на долината помеѓу Баричка Клисура и Дервенска Клисура.[2] Оддалечено е 28 километри југозападно од Гостивар. Селото има 8 куќи кои се изградени на почеток на XX век, но нема жители.[4] ИсторијаСелото двапати се преместувало. Прво се наоѓало преку реката, веднаш под Врбен, на местото Гури Кичиницас. По преданието се верува дека оттаму избегале поради змии.[2] Во XIX век, Кичиница било село во Реканската каза на Отоманското Царство. Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5] СтопанствоАтарот зафаќа простор од 4,4 км2.[3] Население![]()
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кичиница било село со 30 домаќинства и 86 жители.[6] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Болетин живееле 120 жители, сите Албанци со православна вероисповед.[7] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кичиница се води како чисто „албанско“ православно село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 21 куќа.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[9] Селото е наполно раселено по 1961 година, кога броело 48 жители, македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Кичиница немало жители.[10] Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиКако родови во селото се знаат: Арсенит (1 к.), Грубин (6 к.) и Михал (4 к.). Последните се најстари во селото. Арсенит се доселени од селото Нивиште, додека Грубин се доселиле од селото Врбен. Арсенит славеле Петковден, додека останатите семејства Ѓурѓовден.[2] Самоуправа и политикаСелото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957. Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Трница, во која покрај Кичиница се наоѓале Беличица, Бибање, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекање, Жужње, Кракорница, Нивиште, Нистрово, Ничпур, Рибница, Сенце и Тануше. Општината Трница постоела и во периодот 1950-1952 година, во која влегувале селата Беличица, Волковија, Врбен, Кичиница, Сенце и Трница. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0494 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Маврови Анови.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости![]()
Личности
Култура и спортВо пределот од Маврово до Кичиница преку Царевец има многу интересна патека за планински велосипедизам која минува низ убави шумски предели и која што може да се комбинира со другите патеки во регионот. Заради поставеноста во шумскиот појас може да се вози во било кој период од денот. Почетокот на патеката е по асфалтниот пат од Маврово за селото Галичник, и пред месноста Царевец се напушта асфалтот вртејки во десно од каде што започнува возење по широк и лесен за следење шумски пат. Вдолж патот има маркации и патокази. Вода за пиење има на две места и најдобро е да се користи водата од чешмата покрај асфалтниот пат за Галичник. Техничките тежини се умерени. Вкупна должина на патеката изнесува 12 километри, а потребно време за минување е од 2 до 4 часа.[19] Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia