Црква „Св. Никола“ - Небрегово
Свети Никола – главна селска црква во селото Небрегово.[1] Сместена е на влезот од селото, непосредно по завршувањето на патот кој води од соседното село Дупјачани. ИсторијаЦрквата била изградена во 1882 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е еднокорабна, полукружно засводена, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со седум слепи ниши.[2] Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е прикажан Свети Никола. Храмот има и спореден влез на јужната страна, а над него исто така има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е насликан Архангел Михаил. Објектот е изграден од камен и е покриен со кров од ќерамиди. Во јужниот ѕид од надворешната страна на црквата е вѕидана мермерна плоча со релјефна претстава на Атина и Херкул. Пред црквата се наоѓа фрагментиран столб.[3] Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата има квадратна основа. Изградена е од камен и на секоја страна има по една монофора. Влезот на камбанаријата се наоѓа на источната страна. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia