Дупјачани се наоѓа во Прилепското Поле, под северните огранки на планината Злато, во источниот дел од територијата на Општина Долнени. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 660 м. Неговиот атар зафаќа површина од 8,9 км2. Од Прилеп, селото е оддалечено 16 км.[2]
Селото се состои од двее маала: Горно и Долно Дупјачани.[3]
Во селскиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 565,6 ха, пасиштата зафаќаат површина од 266 ха, а на шуми отпаѓаат 20,2 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
221
—
1953
216
−2.3%
1961
232
+7.4%
1971
216
−6.9%
1981
179
−17.1%
Година
Нас.
±%
1991
164
−8.4%
1994
163
−0.6%
2002
155
−4.9%
2021
127
−18.1%
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) и имало 78 семејства, 9 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[5]
Дупјачани е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички. Родови во Дупјачани се:
Доселеници:Белоковци (6 куќи) доселени се од соседното село Десово кон крајот на XIX век, уште подалечно потекло имаат од селото Будаково; Тошевци (2 куќи) доселени се после родот Белковци од селото Тројкрсти, и таму се доселени однекаде; Пецевци (1 куќа) доселени се од селото Долнени, најпрво се населиле во Десово, па овде; Бучуковци (1 куќа) родот го основал Анѓеле, кој дошол со мајката после премажување на мајката во ова село, Анѓеле бил од селото Дреновци, таму припаѓале на родот Шиниковци; Поречани (4 куќи) доселени се во 1919 година од селото Лупште, Порече; Копиљаковци (3 куќи) и Крстановци (2 куќи) доселени се во 1923 година од селото Лактиње, Дебрца; Дупевци (1 куќа) живееле секаде и во Ропотово, Кошино; Сливовци (2 куќи) доселени се во 1926 година од селото Сливово, Дебрца; Гличевци (1 куќа) доселени се од Горно Село, каде имаат истоимени роднини; Караџовци (1 куќа) доселени се од селото Забрчани, таму имаат истоимени роднини; Билимановци (2 куќи) доселени се од Сенокос; Сушичани (4 куќи) доселени се во 1954 година од селото Сушица, Порече.[16]
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Митковци и Пецевци иселени се во Горно Село. Клацковци и Големковци иселени се во Мажучиште. Ќуфтевци иселени се во Селце. Има и неколку семејства иселени во Прилеп.[16]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 јули 2020.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“