Небрегово
Небрегово — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп. Географија и местоположбаНебрегово се наоѓа во Прилепско Поле, на јужното подножје на планината Бабуна, во источниот дел од територијата на Општина Долнени. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 700 м. Неговиот атар зафаќа површина од 16,8 км и се граничи со атарите на селата: Присад на исток, Дабница на југ, Горно Село и Дупјачани на запад, и Дреновци и Оморани на север. Од Прилеп е оддалечено 20 км.[2] ИсторијаВо XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3] Селото се споменува во написот насловен „Заград и заградчани — На гробот од Глигор Соколовиќ“, објавен во српскиот весник Политика на 21 ноември 1934 година.[4] СтопанствоВо рамки на селскиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 618 ха, пасиштата се на површина од 481 ха, а на шуми отпаѓаат 380 ха. Селото има мешовита земјоделска функција.[2] Население
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Небрегово е село со 40 домаќинства и 166 жители Македонци.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Небрегово живееле 522 жители Македонци.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година, во селото имало 280 Македонци.[7] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Небрегово се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 37 куќи.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[9] Небрегово е средно по големина село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 303 жители, а во 1994 година 155 жители, македонско население и само двајца жители Срби. Според пописот од 2002 година, селото Небрегово броело 156 Македонци.[10] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 118 жители, од кои 105 Македонци и 13 лица без податоци.[11] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиНебрегово е македонско село. Родови во селото се: Црвенковци (12 к.), Дудевци (5 к.) и Шербановци (3 к.) изгледа тоа се стари доселеници, кои не знаат од каде се доселени; Рујановци (11 к.) доселени се од местото Рујан на планината Мукос, денес тоа место припаѓа во атарот на селото Оморани, доселени се кон крајот на XVIII век; Љамевци (8 к.) и Димчевци (4 к.) порано биле еден род, Љамевци се делат на Соколовци и Коневци, доселени се од Дебарско. Од нив потекнуваат Блаже Конески и Глигор Соколов; Димковци (6 к.) доселени се од селото Десово, можеби таму биле староседелци; Пишкар (1 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од Маргари или Стровија; Мраморци (1 к.) доселени се во турско време од селото Мало Мраморани; Голомадевци (1 к.) доселени се во 1920 година од Варош (денес маало во Прилеп).[16] Општествени установиВо селото работи подрачното основно училиште „Пере Тошев“, каде што се изведува настава до петто одделение.[17] Освен тоа, во селотом има и услужни објекти.[2] Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Дупјачани. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1462 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 89 гласачи.[19] Културни знаменитости![]()
Личности
Галерија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia