Црква „Св. Никола“ - Орашац
Свети Никола — главна селска црква во кумановското село Орашац, Македонија.[1] МестоположбаОва е гробишен храм, сместен југоисточно од селото, во месноста Калиште. Црквата е скриена во подножјето на ридот. До нејзе води земјен пат од селото, кој е тешко возлив. ИсторијаСудејќи по градбата, црквата е доградена врз храм од XVI или XVII век,[2] веројатно на темели на постара црква.[3] АрхитектураВо архитектонски поглед, се работи за еднокорабна градба, делумно вкопана во североисточната страна и засводена со полукружен лак. Изградена е од кршен камен и има покрив со ќерамиди на две води.[2] На јужната фасада има правоаголен отвор со железна решетка. На западната фасада е главниот влез, над кој е насликан Исус Христос, а помошниот влез е од југ, и над него има слепа лунета на која е претставен Свети Никола. Обата живописа се многу оштетени. И двата влеза се врамени во камен.[2] ФрескоживописЕдинствениот фрескопис во внатрешноста е во апсидата, каде место традиционалната слика на Пресвета Богородица има допојасна претстава на Христос Велик Архијереј со круна на главата — единствен пример во Кумановско.[2] Во олтарот за света трпеза служи римска мермерна стела со натпис на која е напишано дека храмот е изграден врз постара античка црква.[2] ИконостасЦрквата поседува висок дрвен иконостас, певница и владички престол од средината на XIX век.[2] Иконостасот, певницата и владичкиот престол се од средината на XIX век.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia