Црква „Св. Никола“ - Пештани
Свети Никола — понова селска црква во охридското село Пештани.[1] МестоположбаЦрквата е сместена во средишниот дел на селото Пештани, веднаш до трафостаницата.[2] Се наоѓа зад првиот ред куќи покрај регионалниот пат Охрид-Свети Наум. ИсторијаПо 1995 година била откриена основата на средишниот дел на црквата, која продолжува под новоизградената трафостаница. На ова место биле остатоците на некогашната џамија во селото, која го опслужувала поранешното муслиманското малцинство во селото.[3] Таа пак, била изградена на основа на старата средковековна црква „Св. Никола“. Северно од овие остатоци се наоѓаат гробни конструкции.[2] Според некои написи, откриената црква потекнува од 1505 година.[4] Црквата започнала да се обновува на 19 мај 2007 година, кога бил поставен камен-темелникот врз старите темели од страна на митрополитот Тимотеј Дебарско-кичевски.[4] АрхитектураФрескоживописЦрквата е фрескоживописана. ИконостасЦрквата поседува иконостас. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia