Црква „Св. Ѓорѓи“ - Петралица

Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата од исток

македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кривопаланечко
Местоположба

Карта

Координати 42°12′58″N 22°10′49″E / 42.21611°N 22.18028°E / 42.21611; 22.18028
Место Петралица
Општина Ранковце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Изградба XIX век (денешен облик)
Архитектонски опис

Св. Великомаченик Ѓорѓи (или Св. Богородица)[1]православна црква во кривопаланечкото село Петралица, Општина Ранковце. Му припаѓа на Кривопаланечкото архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[2]

Црквата се наоѓа во маалото Пардинци. Изградена е во XIX век, но извесни архитектонски елементи укажуваат на тоа дека станува збор за обновена градба од XVII или XVIII век. Живописана е во 1886 г., но на речи целата источна страна има траги од постари фрески. Се истакнуваат царските двери, кои датираат XVIXVII век, изложени во Националниот конзерваторски центар во Скопје.[3] Се одликуваат со ажурна техника, со пробивање на дрвото и употреба на многубројни цветни и геометриски мотиви, како и фигури на животни.[1] Слични двери имаат црквите „Св. Богородица“ во Ранковце, „Воведение на пресв. Богородица“ во Карпино, „Св. Никола Чудотворец“ во Кратово и дверите од „Св. Никола“ во „Успение на пресв. Богородица“ во Ќустендил.[4]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Машниќ, Мирјана М (2008 - 2009). „Три примероци на царски двери од кратовско-кумановскиот крај. (Уметничка вредност, конзерваторска презентација, постконзерваторски статус)“. Патримониум.мк. 2 (3–4, 5–6): 156. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  2. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  3. „Културно наследство“. Општина Ранковце. Архивирано од изворникот на 2012-05-16. Посетено на 27 март 2014.
  4. Машниќ, Мирјана М (2008 - 2009). „Три примероци на царски двери од кратовско-кумановскиот крај. (Уметничка вредност, конзерваторска презентација, постконзерваторски статус)“. Патримониум.мк. 2 (3–4, 5–6): 155. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya