Црква „Св. Никола“ - Слепче (Демирхисарско)
Св. Никола — главна црква во демирхисарското село Слепче, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Црквата е изградена врз темелите на стара црква во 1867 година.[1] Претставува еднокорабна градба со полукружен свод, петстрана апсида на исток, и трем и женска црква на запад. Од внатрешната страна на северниот и јужниот ѕид има потпорни пиластри поврзани со лакови. Ѕидаријата е од полуобработен камен; прозорците, аглите, венецот и апсидата се од делкан бигор, а вратите се од мермер во плиток релјеф. Во дворот има камбанарија и тој е заграден, и во него се влегува преку масивна дрвена врата.[1] Во храмот има полузачуван натпис со годината на зографисување — 1884.[1] На него стои името на Коста Анастасов, зограф кој работел и на соседниот Слепченски манастир, но може и да се однесува на мајстор-градител со истото име.[2] Според друго толкување, се работи за брат му Никола Анастасов.[1] СликиПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia