Црква „Св. Никола“ - Трлис
Свети Никола (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Νικολάου Βαθυτόπου) — црква во селото Трлис, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Црквата е изградена во 1834 г., што е означено на ктиторската плоча уништена кога селото потпаднало под грчка власт. Градбата претставува трикорабна базилика со купола, трем и камбанарија на запад.[1] На запад има женска црква со свој влез.[2] Внатре е зачуван изворниот иконостас со старите икони и резбаните парапети. Иконостасот е богато украсен само во делот на средишниот кораб. Иконите од 1851, 1861 и 1869 г. (Архангел Михаил, Свети Никола, Богородица и др.) се делоа на неврокопскиот иконописец Серги Георгиев. Оние датирани αωιγ (=1813) и αωιδ' (=1814) се донесени од грчките доселеници од Мала Азија и се дело на Кирјаз од Енос (Енез).[2] Во 2004 г. храмот настрадал во пожар.[1][3] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia