Селото се наоѓа во северното подножје на планината Црна Гора во историско-географската област Мрвачко. Лежи во долината на реката Трлиска Матница. Оддалечено е на 55 км северозападно од Драма и на 16 км западно од Зрново.
Историја
Средновековие
Стара чешма на сретселото.Стари куќи во Трлис.
Трлис е старо рударско село каде железното рударство било развиено уште пред доаѓањето на Турците. Во грамота од 1347 г. на светогорскиот манастир Велика Лавра се спомнува дека манастирот има приходи од топење на железо во во Трилисион, место меѓу Неврокоп и Сер. Трлиската руда била квалитетна, високо ценета и многу барана. Во селото имало неколку печки и два-три самокова, кои работеле сè до втората половина на XIX век. Во средниот век Трлис било мало гратче, седиште на епархија, а подоцна и на мудир. Од писмо на Стефан Душан до велможата Рајко разбираме дека второспоменатиот бил војвода на Броди и Трлис.[4][5]
Во Отоманското Царство
Селото се спомнува во османлиски дефтери од XV век и 1671 г. под името Кастротарлис и Трлис. Според извор од втората половина на XV и почетокот на XVI век во селото Трлис (Горна Трлица) се регистрирани 199 глави на домаќинствата.[6]
За време на Преродбата Трлис било едно од големите, будни и стопански развиени села на Неврокопската каза со македонско население. Во местноста Панагириштето кај селото секоја година се приредува двонеделниот Трлиски панаѓур познат во регионот.
По 1803 г. во селското училиште предавал јеромонахот Иван Симеонов (Јоанис Симеонидис) од Трлис.[7]
Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) забележал дека во Трлис највеќето жители се Македонци.[8][9]
Во 1861 г. трлискиот учител Димитар Стоилов го превел т.н. Трлиско евангелие на македонски со грчки букви.[10]
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го обележал Трлис како село со 290 македонски и 90 „турски“ куќи.[11][13]
Тарлис, големо село на Ј од Неврокоп, 6 часа пат. Лежи во пазувите на Црна Гора до Али Ботуш; до него се селата Лофча, Старчишта и Караќој, до 1⁄2 час растојание. На И се протега висока рамница, накитена со ниви, ливади и на места со полски ели. По плодноста ова место не отстапува од Елешкото. Наоколу богати шуми; меѓу другото сеат и тутун. Секоја недела има пазар за околните села на одделно място. Од 1 октомври секоја година се отвора панаѓур „Св. Петка“ и трае до 15-ти; главната стока е крупен и ситен добитък со мануфактура. Панаѓурат се одржува на чаирите, 1⁄2 час до селото. Има обрт од 2000 лири и повеќе. Црква „Св. Никола“; се служи мешано; и училиште мешано со 80 ученици. 380 куќи, 500 д. Турци, 1500 д. Македонци.[8][14]
По Балканските војни во 1913 г. Трлис е припоен кон Грција. Дел од муслиманското население се иселило во 1912 г., а дел од христијанското за време на Втората балканска војна во 1913 г. Истата година во селото се попишани 1.360 жители.[3] Во првата половина на ноември 1914 г. во околината на селото грчката власт убила тројца Македонци, од кои двајца биле од селото Раховица, а третиот од Горно Броди.[18] Во 1920 г. населението се намалило на 1.191 жители поради Првата светска војна. Во 1923 г. Македонците-муслимани (таканаречени „Турци“) се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На 27 јули 1924 г. грчки војници убиле 17 жители на селото. Овој т.н. Трлиски инцидент довел до меѓународен притисок врз Грција и потпишувањето на спогодбата „Калфов – Политис“.[19] Во 1927 г. селото е преименувано во Ватитопос.[3][20] По инцидентот, голем број жители го напуштиле селото и се преселиле во Бугарија. На нивно место се доведени грчки колонисти од Мала Азија.[4] Вкупно 780 лица се преселиле од Трлис во Бугарија по официјален пат.[3] На пописот од 1928 г. Трлис е претставен како мешано село со вкупно 682 жители,[3] од кои 544 лица (154 семејства) биле грчки колонисти, а останатите македонски мештани.[21] Во понатамошниот период бројот на жители се намалил како последица од Втората светска и Граѓанската војна, но и со подоцнежните преселби во поголемите градови.[3]
Населението одгледува тутун, жито и други земјоделски култури, а се занимава и со сточарство.[3]
Месности во Трлис преименувани со службен указ на 13 јауари 1969 г.
↑ 4,04,1Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 16.
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 126–127. ISBN954-8187-21-3.
↑Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“(PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 8.
↑ 24,024,1Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 177.