Црква „Св. Никола“ - Трново
Свети Никола — главна селска и гробјанска црква во селото Трново, Кривопаланечко.[1] Црквата претставува еднокорабна црква.[2] Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта. ИсторијаСпоред ктиторскиот натпис, црквата е подигната и живописана во 1505 година, најмногу со залагање на попот Пејо и неговата сопруга Пројка.[2] Сепак, постојат некои истражувања во кои се вели дека црквата била подигната во 1605 година.[3] АрхитектураЦрквата претставува еднокорабна градба со покрив на две води и со полукружна апсида на источната страна. Внатрешноста на црквата е обликувања со средиштен распоред, а горниот дел завршува со полуобликуван свод. Кон западната страна дограден е затворен трем со два влеза, на западната и на јужната страна. Воедно, на јужната страна се наоѓа и отворен трем.[3] ЖивописВрз основа на стилот на живописот се претпоставува дека е еден век понова. Од уништената група пустиножители зачуван е само ликот на Свети Јоаким Сарандапорски.[2] ИконостасВо црквата се евидентирани седум икони.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia