Црква „Св. Никола“ - Шопско Рударе (нова)За други значења на поимот, погл. Црква „Св. Никола“ - Шопско Рударе.
Свети Никола — нова поголема црква во кратовското село Шопско Рударе, Македонија.[1] Црквата е сместена во Чергинското маало[2], едно од најстарите маала на селото, каде се наоѓаат двата објекти на црквата „Св. Никола“, стариот и новиот. Новата црква е изградена во текот на XX век. ИсторијаНовата поголема црква била започната во 1936 година во непосредна близина на старата црквичка.[3] АрхитектураНовата црква „Св. Никола“, која е градена во периодот 1936-1943 има големи димензии, еднокуполна и во основа крстообразна.[2] Новиот објект на црквата, иако делува импозантно и препознатливо во целата поширока околина, е во шокантна состојба. Црквата е изградена од исклесан црвен камен од градители од селата Опила и Ранковце, во близина на Крива Паланка. Нејзината градба ја овозможил народниот посланик Ст. Симиќ од Кратово.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia