Свети Пантелејмон — главна манастирска црква на Пантелејскиот манастир во кочанското село Пантелеј , Македонија .[ 1]
Местоположба
Црквата се наоѓа во западниот дел на селото,[ 2] од десната страна на асфалтниот пат кој продолжува кон Рајчани .
Историја
Црквата е изградена во 1885 година под водство на игуменот Мартиниј.[ 3] Автор на црквата и нејзиниот иконостас е големиот градител и зограф Андон Китанов .[ 4]
Во 1988 година, на барање на митрополитот Стефан Брегалнички (подоцна архиепископ на МПЦ-ОА ), Заводот за заштита на спомениците извршил подробна реставрација на покривната конструкција, кубињата и фреските.[ 3]
Архитектура
Градбата претставува трикорабна базилика со три куполи .[ 3] [ 5]
Фрескоживопис
Живописана е од прочуениот зограф Димитар Андонов Папрадишки во периодот од 1888 до 1892 година.[ 3] [ 6] Во црквата заедно со Папрадишки работел Петар Николов од Ораовец .[ 7]
Икони и иконостас
Иконите на иконостасот се на Димитар Андонов Папрадишки ,[ 3] [ 8] додека иконостасот е дело на градителот Андон Китанов .[ 4]
Галерија
Ниша над споредниот влез
Спореден влез
Ниша над споредниот влез
Спореден влез
Ниша над главниот влез
Спореден влез
Куполите
Главниот влез
Апсидите
Големата апсида
Камбанаријата
Поглед на црквата
Поврзано
Наводи
↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија . Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7 .
↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво . Скопје: Универзитетска печатница. стр. 55. OCLC 16745284 .
↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Кочанско архиерејско намесништво“ . Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2022-11-27. Посетено на 31 март 2014 .
↑ 4,0 4,1 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители . София: Наука и изкуствo. стр. 206.
↑ Николовски, Дарко (2020). Фото архива на Антоние Николовски за Македонските зографи од крајот на XIX и почетокот на XX век: (Андонов, Зографски и Ванѓеловиќ) (PDF) . Скопје: Едиција Културно наследство, Министерство за култура на Р. С. Македонија. стр. 59.

↑ Ајтовска, Љубинка, Илинка Атанасова (2017). Црквата Свети великомаченик Георгиј – еден век постоење . Кочани: Општина Кочани. стр. 32.
↑ Николовски, Дарко (2020). Фото архива на Антоние Николовски за Македонските зографи од крајот на XIX и почетокот на XX век: (Андонов, Зографски и Ванѓеловиќ) (PDF) . Скопје: Едиција Културно наследство, Министерство за култура на Р. С. Македонија. стр. 59.
Надворешни врски