Селото се наоѓа во областа Клепа, во југозападниот дел на територијата на Општина Велес, во долното сливно подрачје на реката Бабуна, од нејзината десна страна.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 460 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 14 километри.[2]
Историја
Во XIX век, Ораовец било село во рамките на Велешката каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Атарот зафаќа површина од 15,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.308 хектари, на пасиштата отпаѓаат 939 хектари, а на обработливото земјиште 249 хектари.[2]
Селово, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]
Доселеници:Леовци или Арнаутовци (2 к.) доселени се веројатно од околината на Тетово, свештеникот Јован Леов имал три деца, он со своите деца плашејќи се од арнаутските банди се иселил во Бугарија околу 1900 година; Двориштани (3 к.) доселени се од селото Двориште, тиквешко. Од овој род потекнувал револуционерот од ВМОРО, Иван Наумов-Алабакот; Мијаковци (1 к.) потекнуваат од Ѓомо Мијакот, кој дошол како домазет од мијачкото село Папрадиште, подалечно потекло од мијачкиот крај; Јаневци (1 к.) доселени се од соседното село Црквино. Околу 1900 година имале задруга од 40 луѓе. Чувале околу 400 овци, 200 кози; Егејци (6 к.) доселени се околу 1948 година како бегалци. Доселени се од воденско, поточно од селата Горно и ДолноРодиво.[12]
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Велес, која била намалена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Велес.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Градско во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Војница, во која покрај селото Ораовец, се наоѓале и селата Витанци, Војница и Крајници. Општината Војница постоела и во периодот 1950-1952 година.
Од селото има огромен број на иселеници. Еден дел се иселени пред крајот на турското владеење (70 к.), а другиот дел после Втората светска војна (40 к.). Населението е највише иселено во Скопје и Велес. Има и целосно иселени родови како: Цветковци, Таневци, Шумановци, Манчевеловци, Нешовци, Зугровци, Србовци, Малезановци, итн. Повеќето родови биле староседелци, а за Зугровци се мисли дека биле доселени од селото Папрадиште.[12]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 31 август 2018.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“