Црква „Св. Петар и Павле“ - Подмочани
Свети Петар и Павле — нова селска црква во селото Подмочани, Општина Ресен, Македонија.[1] МестоположбаЦрквата е изградена на ридот Подмочанска Горица, од каде се пружа одличен поглед на целото Преспанско Езеро.[2] ИсторијаЦрквата била подигната со пари од македонски иселеници од Австралија, Америка и од Канада. Најголемиот дел од средствата биле донирани од страна на стопанственикот од Чикаго, Борис Ничев, кој е по потекло од Подмочани.[2] АрхитектураЦелокупната инвестиција на црквата, камбанаријата и самиот Преспански крст изнесувала над двесте илјади евра.[2] ФрескоживописЦрквата е целосно фрескоживописана. Живописот бил изведен од страна на Васил Трајковски од Скопје.[2] ИконостасИконостасот во црквата бил изработен од страна на копаничарот Цветан Николовски, а иконите во него се дело на иконописецот Петар Герасимов.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia