Црква „Св. Петка“ - Патец

Света Петка

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Кичевско
Парохија Прва кичевска
Местоположба

Карта

Координати 41°32′28.26″N 21°06′33.57″E / 41.5411833°N 21.1093250°E / 41.5411833; 21.1093250
Место Патец
Општина Кичево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка Трновска
Изградба 10 јули 1996
Завршено 1999
Осветување 30 јули 1999
Живопис Драган Ристески
Архитектонски опис

Света Петка — главна селска црква во кичевското село Патец, Македонија.[1]

Црквата се наоѓа под селото Патец и околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба

Црквата се наоѓа на самиот влез во селото, од десната страна на патот. До нејзе, како и до самото село, се стигнува по земјен пат, кој започнува од селото Козичино.

Историја

Камен-темелникот на црквата бил осветен на 10 јули 1996 година, а црквата била осветена на 30 јули 1999 година од страна на митрополитот г. Тимотеј.[2]

Архитектура

Црквата била изградена од страна на мајсторите Санде и Славе Софрониоски од селото Лазаровци.[2]

Фрескоживопис

Храмот поседува фрескоживопис, кој бил изработен од страна на уметникот Драган Ристески од Охрид.[2]

Иконостас

Во црквата се наоѓа иконостас изработен од резбарот Панта од Кавадарци.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Дебарско-кичевска епархија“. web.archive.org. 2014-03-04. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2020-11-09.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya