Лазаровци
Лазаровци — село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево. ЕтимологијаЗа името на селото не се знае точното потекло. Некои го поврзуваат со кнезот Лазар, а други со селото Лазарополе.[2] Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, недалеку од самиот град Кичево, во североисточна насока и може да се каже дека припаѓа на неговата рурбална зона.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 670 метри.[3] Од градот Кичево е оддалечено 4,5 километри. Селото се наоѓа во непосредна близина на градот Кичево од неговата североисточна страна. Сместено е помеѓу планинската падина на Голи Рид на исток и котлината на запад. Околни села се: Мамудовци и Стрелци.[4] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Сташинец, Бара, Букоа Вода, Косто Изворче, Гавранов Камен, Бабино Кладенче, Митроо Ливадче, Мојсоо Лединче, Павлеа Нива, Подлеска, Бероец, Бакалишта, Рампелејца, Средорек, Еѓупска Ледина и Долна Ледина.[4] Селото има збиен тип. Не е поделено на маала, бидејќи е мало. Сепак, роднинските куќи се групирани и се поблиску една до друга.[4] Историја![]() Постои традиција дека селото е доста старо, за што говори и фактот малата средновековна црква „Св. Ѓорѓи“. Првпат било забележано во историските извори, во втората половина на XV век под истото име, кога имало 31 словенско-христијанска куќа,[4] во кои живееле 9 семејства и 1 вдовица, сите христијани.[5] Селото некогаш се наоѓало на месноста Петко’и Куќи, што е забележано во предание додека во котлината имало вода.[2] Денес, во селото не постојат староседелски македонски родови. Кога дошле предците на денешните најстари родови (Орешковци и Павлевци) пред околу 200 години, тие ја нашле само напуштената црква. Остатоци од некогашни куќи се сретнуваат кај месностите Сташинец и Попоа Вода.[4] Во село Лазоровци постоеле главешини, Ванче Петроски и Дели-Митре. Тие го спасиле селото од Арнаутите, кои сакале да го заземат исто како што сториле со останатите околни села. Со цел да го спаси Лазаровци, Дели-Митре морал на Арнаутите да им го отстапи Ериновци. Лазоровчани во минатото често велеле „Ние сме паѓале од оф на леле!“.[2] Во XIX век, Лазаровци било село во Кичевската каза на Отоманското Царство. Во XIX век, селаните не можеле да ја напасуваат својата стока во својот атар, бидејќи во тоа биле спречувани од страна на муслиманите од околните села. Поради тоа, околу 1850 година, селаните го повикале Арнаутинот Мамуд од соседното село Црвивци да ги заштитува,[4] за што тие му плаќале. Така, Мамуд го населил некогашното христијанско село Ериновци, кое одамна било опустошено од страна на турскиот аскер.[4] При ослободувањето од отоманската власт, Лазаровци имало 13 куќи.[4] СтопанствоАтарот е мошне мал и зафаќа простор од само 2,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 94 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 80 хектари, а на пасиштата 34 хектари.[3] Селото, во основа, има полјоделска функција.[3] Население
Според податоците од 1873 година, селото Лазаровци имало 16 домаќинства со 88 жители христијани (Македонци).[6] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 130 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Лазаровци имало 104 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лазаровци се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 16 куќи.[9] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[10] Лазаровци е мало село, коешто во 1961 година имало 151 жител, а во 1994 година 110 жители, македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Лазаровци живееле 88 жители, сите Македонци.[11] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 90 жители, од кои 50 Македонци, 35 Албанци, 1 Србин и 4 лица без податоци.[12] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиЛазаровци е чисто македонско православно село. Селото е старо по постанок, но во него родовите често се менувале.[4] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Орешковци или Петревци (4 к.), доселени се на самиот крај од ХVIII век од селото Крапа, го знаат следното родословие: Борис (жив на 62 г. во 1961 година) Ванчо-Томче-Решко или Орешко; Павлевци (2 к.) овде се смета и едно домазетско семејство, доселени се однекаде во исто време кога и Орешковци; Ѓуревци (3 к.), доселени однекаде; Мојсовци (2 к.) и Билевци (2 к.), доселени во XIX век од селото Црвивци, бегајќи од Арнаутите. Во Билевци се знае следното родословие: Ристе (жив на 35 г. во 1961 година) Лазо-Цоле-Биле, кој се доселил; Трпчевци (5 к.) доселени се од соседното село Стрелци, таму живееле во маалото Раковци; Топлевци (3 к.) доселени се од селото Турје, во Дебрца; Крстевци (3 к.) и Вељановци (1 к.), доселени се од селото Крапа и Петревци (1 к.), потекнуваат од предокот Козмо кој дошол како домазет од селото Осој. Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[2] Топлевци (2 к.), Петровци (1 к.), Ѓуровци (3 к.), Павлевци (2 к.) и Деспотовци (2 к.), староседелци; Мојсовци (2 к.), доселени се од селото Црвивци; Вељановци (2 к.), доселени се од селото Крапа во Порече; Билевци (3 к.), доселени се од селото Црвивци; Трпчевци (8 к.), доселени се од селото Стрелци. ИселеништвоВо Кичево живеат 5 домаќинства од родовите Ристевци и Билевци. Родот Стефановци се иселиле во селото Староец.[4] По Втората светска војна иселеништво има најмногу во Кичево. Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Кичево. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Осломеј, во која покрај селото Лазаровци, се наоѓале и селата Арангел, Гарани, Жубрино, Мамудовци, Ново Седо, Осломеј, Премка, Србица, Стрелци, Црвивци и Шутово. Во периодот 1950-1952, селото влегувало во рамки на некогашната општина Стрелци, заедно со селата Гарани, Лазаровци, Мамудовци, Премка, Стрелци и Шутово. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0753 според Државната изборна комисија, сместено во селскиот дом.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 81 гласач.[18] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 83 гласачи.[19] Културни и природни знаменитости![]()
Личности
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia