Црква „Св. Петка“ - Рупишта
„Света Петка“[1] (грчки: Αγίας Παρασκευής) — црква во градот Рупишта, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија и заедно со „Св. Нектариј“ е еден од двата парохиски храма во градот.[2] Храмот во османлиско време бил џамија, позната како Џума џамија, една од четирите во тогашно Рупишта. Според преданието, пред османлиското освојување на нејзино место имало црква посветена на Света Петка. Откако била претворена во џамија, минарето постојатно паѓало сè додека во него не била вратена иконата на Света Петка и пред неа не било палено кандило.[1] Во дворот имало муслимански гробишта.[2] Со иселувањето на муслиманското население во Турција, во 1925 г. џамијата е делумно урната и претворена во црква со поддршка од пратеникот Јоанис Захос. Камен-темелникот е удрен на 5 октомври 1925 г. од митрополитот Јоаким Костурски и храмот е осветен осветен на 6 септември 1931 г. од истиот владика. За време на митрополитот Доротеј Костурски во дворот е изграден голем духовен центар, подоцна обновен од градоначалникот Михаил Захос.[2] Парохиски црквиВо парохијата на „Св. Петка“ влегуваат и следниве цркви:
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia