Лагор
Лагор или Лагур (грчки: Λάγουρα, Лагура) — поранешно село во Населичко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Рупишта на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. ГеографијаОстатоците од селото се наоѓаат на 5 км југоисточно од Рупишта, на левиот брег на реката Бистрица. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо 1769 г. албански банди уништиле седум села во областа — Грамошта, Линотопи, Ветерник, Пискохори, Лагор, Омотско и Загар.[1] Селото е обновено на крајот од XVIII до почетокот на XIX век од Власи преселени од уништеното Москополе.[2] Црквата „Успение на пресв. Богородица“ е изградена во 1860 г. врз урнатините на постар храм.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 Лагор имал 60 жители „Грци“.[4] На Етнографската карта на Битолския Вилает од 1901 г. Лагор е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 15 куќи.[5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Лагор имало 75 Власи.[6] Според Георги Константинов Бистрицки Лагор пред Балканските војни имал 12 „грчки“ куќи.[7] На етничката карта на Костурското братство за 1912 г. Лагуръ е означено како „грчко“ село.[8] Од овие навидум противречни податоци може да се заклучи дека жителите на Лагор биле погрчени Власи. Во ГрцијаЗа време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 29 жители кои во 1920 г. се намалиле на 16.[9] На пописот од 1928 г. селото се води со 16 жители. Поради неповолните услови за живот малку подоцна селото е напуштено, а нејзините жители се преселиле во соседното село Витан.[9] Познато е дека во периодот по Граѓанската војна 1 лице родено во Лагор се иселило во прекуокеанските земји.[10] Културни и природни знаменитости
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia