Црква „Св. Спас Горни“ - Вевчани
Вознесение Христово (повеќе позната како Свети Спас Горни) — манастирска црква во селото Вевчани.[1] Вевчанци, Свети Спас го почитуваат како сопствен заштитник и често го спомнуваат во молитвите. МестоположбаЦрквата се наоѓа западно од Вевчани, на надморска височина од 1.300 метри, на планината Јабланица. Тој е изграден во карпи што е одлика за целиот терен околу него. Источно од него има една голема карпа, надвисната над самиот пат.[2] ИсторијаЗа овој манастир забележал и Нушиќ во 1892 година. Судејќи според иконите, манастирот може да се датира од втората половина на XIX век.[2] АрхитектураИконостасПрестолната икона Вознесение Христово е изработена од Крсто Николов од Лазарополе, во декември 1894 година. Иконите на светите апостоли се изработени од Дичо Зограф, без да биде наведена годината. Може да се претпостави дека тоа е 1876 година, кога Дичо ги работел иконите за црквата Св. Никола. Но, најстарата престолна икона е иконата „Св. Никола Чудотворец“, насликана и подарена во 1858 година. Тоа упатува на одредена старост на манастирот, што не мора да значи дека тој пред тоа не постоел. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia