Името на селото потекнува од „дабовата гора“, која постоела во околината на селото.[2]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, односно јужно од градот Кавадарци, недалеку од патот што води во областа Витачево.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 420 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 9 километри.[3]
Атарот зафаќа простор од 8,5 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 328,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 351,9 хектари, а на шумите 121,2 хектари.[3]
Селото е од линиест карактер, поделено на три маала, Горно, Средно и Долно Маало.[2]
Историја
Селото било христијанско од чифлички тип. Во него биле сместени две беговски кули во турско време. Поголемиот дел од населението се доселеници.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Селото е мало, на пат за целосно раселување. Така, во 1961 година броело 281 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 43 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Дабниште имало 27 жители, од кои 26 Македонци и 1 Србин.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, од кои 6 Македонци и 4 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Шалевци (1 к.) доселени се од селото Бегниште. Подалечно потекло од Мариово; Бакевци-Митревци (1 к.) доселени се од селото Ваташа, уште подалечно потекло од селото Пепелиште; Крачевци-Ајазовци (5 к.) доселени се од селото Бегниште. Уште подалечно потекло од областа Азот; Сејменовци (1 к.) доселени се однекаде; Мирчевци (1 к.) доселени се од селото Врпско во Мариово; Барамачовци (3 к.) доселени се од селото Полчиште во Мариово на почетокот од XIX век. Во тоа време некои од нив се иселиле и во селото Бегниште. А имаат роднини и во селото Полчиште; Грковци (4 к.) доселени се од селото Бегниште. Уште подалечно потекло од околината на Бер во Грција; Колчевци (2 к.) доселени се од селото Конопиште; Илевци (1 к.) доселени се во 1860 година од селото Кошани, таму се доселиле од селото Бегниште. А во Бегниште од некое село во Азот; Бакарјовци (3 к.) доселени се во 1870 година од селото Гарниково, а таму од некое село во Азот; Туковци (1 к.) доселени се околу 1870 година од селото Клиново во Мариово; Левовци (3 к.) доселени се исто така од селото Клиново; Ѓорчевци (1 к.) доселени се од селото Добротино; Сакалијовци (1 к.) доселени се од селото Рожден во Мариово; Миндевци (2 к.) доселени се од селото Зборско во Меглен; Ицковци (1 к.) доселени се од селото Добротино; Ставровци (2 к.) доселени се од селото Бунарче. Уште подалечно потекло од Мариово; Мајсторовци (3 к.) доселени се од селото Бунарче. Уште подалечно потекло од селото Бегниште.
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бегниште, во која се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Дабниште, Драгожел, Кошани и Ресава.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Бегниште, во која покрај селото Дабниште се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Драгожел, Кажани, Куманичево и Ресава.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Избирачко место
Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“, која потекнува од XIII век
Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0700 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Брушани, Дабниште и Ресава, кое е сместено во објект на општината, поранешно основно училиште во село Ресава.[13]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 февруари 2018.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)