Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Ростуше
Успение на Пресвета Богородица — црква во долнореканското село Ростуше. Сместена е на неколку стотина метра од селото и до неа води исклучување од десна страна на патот кој води до селото Велебрдо. ИсторијаПознато е дека црквата била претворена во џамија од страна на муслиманското население на селото некаде во XIX век откако ја распалиле претходната градба и на нејзино место ја изградиле новата. Но, на 30 август 1918 година, џамијата повторно била претворена во православна црква со нејзиното старо име и во неа била служена литургија со 12 свештеници од околните села.[1] Обновената црква е преосветена на 30 јули 2023 г. од митрополитот Тимотеј Дебарско-кичевски и епископот Партениј Антаниски.[2] АрхитектураГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со две осумаголни куполи со различна големина. На секоја втора страна на обете куполи има по една монофора, доека на преостанатите страни има слепи ниши. Главната влезна врата страна е сместена на западната страна, над неа има празна ниша, а над нишата има слепа трифора во полукружна рамка. Спореден влез во црквата има и од јужната страна, над кој исто така има празна ниша. Слепи ниши се забележуваат на јужниот и северниот ѕид, додека слепи бифори има на ѕидовите од шестаголните крила и над нив. Градбата на источната страна има многуаголна апсида, а на секоја од трите надворешни страни има по една слепа монофора. Црквата е градена од бигор, додека цоклето е од камен. Објектот во целост е покриен со ќерамиди. Во дворот на црквата се сместени христијанските гробишта. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia