Црна Гора на Евровизија
![]() Црна Гора по стекнувањето на независност и спроведувањето на Референдумот за независност, се стекна со право да учествува на Евровизија како самостојна држава. Црна Гора дебитираше на Евровизија 2007 во Хелсинки, која беше одржана во мај 2007, кога ги претставуваше Стеван Феди. Црна Гора на Песна на Евровизија учествуваше во периодот помеѓу 2007–2009. Сепак црногорските претставници не се пласираа во Евровизиското финале, во сите три обиди. Радио-телевизија Црне Горе (РТЦГ) не се пријави за учество на Евросонг 2010, поради финансиски проблеми.[1] Црна Гора повторно се врати на Евросонг 2012, во Баку, Азербејџан, кога ги претставуваше Рамбо Амадеус со песната "Еуро Невро". Претходните учества на црногорски изведувачи имаше на Евровизија 1983 и Евровизија 1984 во составот на СФРЈ и на Евровизија 2005 во состав на државната заедница Србија и Црна Гора (СЦГ). РТЦГ ја испрати апликацијата за учество на Евросонг 2011 во Диселдорф, Германија. Од потенцијалниот претставник за Црна Гора беше побарано самиот да најде спонзор за да го финансира учеството во Германија.[2] Во декември 2010, РТЦГ одлучи да не учествува на Евросонг во Диселдорф, поради финансиски причини. Учесници
Историја на гласањеЦрна Гора најмногу бодови му дала (до 2008):
НАПОМЕНА: Вкупниот број на бодови во горенаведените табели се однесува само на бодовите од финалето, додека полуфиналните бодови не се прикажани . Црна Гора најмногу бодови му дала на
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia