Иако ЕБУ, како и минатата година работеше силно за да ги врати Италија, Австрија и Монако[2][3][4] повторно на сцена, Монако не испрати своја песна. Успехот на Германија во 2010 година, ја поттикна Австрија да направи враќање на Евровизија 2011.[3]
Историски факти
2011 година беше 3 пат за Германија да биде домаќин на Евровизија, а првпат таа да биде домаќин како обединета земја. Западна Германија ја организираше Евровизија во 1957[5] и 1983.[6]
Германија исто така е и првата земја од Големата четворка да победи на фестивалот од 2000 година, кога се направени и новите правила на Евровизија, кои дозволуваат четирите основачи на Евровизија - Германија, Франција, Велика Британија и Шпанија да се квалификуват директно во финалето, заедно со победникот од претходната година. Според правилата на ЕБУ во овој случај бидејќи Германија како дел од Големата четворка беше победник, имаше потреба и за 5 земја која би одела директно во финалето. Според ЕБУ, тоа беше Турција која заврши на 2-то место на Евровизија 2010.[7]
На 30 август 2010 година беше објавено дека Сванте Стокселиус, супервизорот на Евросонг, ќе ја напушти оваа функција на крајот на 2010, што значеше дека друга личност ќе биде поставена да раководи со улогата на генерален супервајзер за Евросонг 2011 во Германија.[8]
На 21 август 2010 од германската телевизија НДР беше објавено дека четири од овие града официјално поднеле кандидатура за да бидат домаќини на Евросонг 2011 Берлин, Хамбург, Хановер, и Диселдорф.[11]
Планови каде би бил одржан фестивалот во секој град апликант:[12]
Земји учеснички
Земји што не се квалификуваа за финалето
Земјишто порано учествувале, но не учествуваа на Евровизија 2011
да се одржува фестивалот во Есприт Арената во Диселдорф
да се одржува фестивалот во егзибициска сала во Хамбург
Директорот на НДР Луц Мармор во интервју за весникот Хамбургер Абендблат на 31 септември истакна дека во почетокот на октомври е најверојатна дата за објавување на градот домаќин за Евросонг 2011.[13]
Учесници
Четириесет и три држави го потврдија своето учество за Евросонг 2011, вклучувајќи ја Австрија, која се врати на фестивалот неколку години од кога последен пат учествуваше на Евросонг 2007 во Хелсинки.[14] На 28 август 2010 година, на средба во Белград ЕБУ одлучи дека секоја држава мора да го одбере својот изведувач и песната пред 14 март 2011 година. На 14 март 2011, ждребката за редоследот беше одржана во градот домаќин.[15]
Полуфиналисти
Двете полуфиналиња се одржаа на 10 и 12 мај 2011.
Сите земји учеснички, освен големата четворка мораа да се напреваруваат во едно од двете полуфиналиња.
Десетте држави од секое полуфинале со највисок врој на бодови се квалификуваа во финалето.
Израел се натпреваруваше во второто полуфинале за да избегне неучествување поради религиски причини.[16]
Лихтенштајн – Единствениот радиодифузен сервис на Лихтенштајн 1ФЛТВ (1 Fürstentum Liechtenstein Television) на 29 јули 2010 испрати апликација за членство во ЕБУ. Ако апликацијата беше прифатена, Лихтенштајн ќе можеше да испрати песна на Евровизија 2011.[17][18]
Враќање
Унгарија – Дуна ТВ беше во преговори со ЕБУ за да учествува на Евросонг. Унгарија се повлече од Евросонг 2009, кога претходниот дифузер Маѓар Телевизио (Magyar Televízió), го напушти фестивалот поради финансиски причини[19]
Италија – На прес конференција за четвртото издание на Италијанскиот Х Фактор, директорот на РАИ 2 Масимо Лиофреди најави дека победникот на натпреварувањето би можел да ја претставува Италија на Евровизија, наместо да учестува на Санремо, како претходните години.[20][21] Со тоа што Италија одлучи да се врати на Евровизија, големата четворка стана голема петорка.[22]
↑Klier, Marcus (31 July 2010). „Al Walser to meet with 1FL“. ESCToday. Архивирано од изворникот на 2010-09-06. Посетено на 31 July 2010. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)