Чешмите (Мешеишта)

Чешмите - Магда

Карта

Местоположба 41°14′18″N 20°46′36″E / 41.23833°N 20.77667°E / 41.23833; 20.77667
Основни податоци
Место Мешеишта
Општина Дебрца
Тип

 населба  некропола


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Чешмите - Магдаархеолошко наоѓалиште во селото Мешеишта во областа Дебрца. Претставува населба и некропола од доцноантичкото време. Источно и југоисточно од двете селски чешми, во западната половина на селските гробишта и во непосредната близина на куќите на Богдан Крцкоски, Сидор Тупанчески и Димко Костоски, при копањето на темели во 1957 година биле откриени повеќе гробови градени од тегули – тип „на две води“. Исто така биле откриени и остатоци од темели на објекти градени од кршен камен и варов малтер. На наоѓалиштето се најдени монети, а по површината се забележуваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.[1]

Поврзано

Наводи

  1. Коцо, Димче; Грозданов, Цветан (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 252, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069


Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya