Чифлачиште (Опила)
Чифлачиште — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Опила. Претставува населба од доцноантичко време. ОписСе наоѓа на околу 1 км од јужниот раб на Бабунско маало, југозападно од наоѓалиштето Чифлик, непосредно под падините на Војсин Рид на десниот брег на Крива Река. Претставува тераса со приближни димензии од 200 х 100 м, на која се гледаат фрагменти од градежни тули и керамички садови, исфрлени на површината со перманентното орање. Во некои од нивите се забележуваат отпечатоци од темели на ѕидови од кои е изваден градежниот материјал. Повеќето од објектите имале профан карактер, а не се исклучува можноста за постоење на сакрален објект. Во 1995 година, поради поставувањето на трасата на железничката пруга, Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата изврши заштитно ископување. Откриени се остатоци од темели на објект со 5 простории со приближни димензии од 4 х 4 м, зачувани во висина од 0,40 до 0,80 м и широки 0,60 м, како и една печка за топење на метал. Периметралниот ѕид е масивно граден, широк 1,00 до 1,10 м и веројатно се работи за објект користен за економски цели, од времето на III-IV век.[1] Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia