Могила (Отошница)

Могила

Карта

Местоположба 42°11′44″N 22°4′49″E / 42.19556°N 22.08028°E / 42.19556; 22.08028
Основни податоци
Место Отошница
Општина Крива Паланка
Тип

 некропола  могила


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Могилаархеолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Отошница. Претставува некропола и могила од римското време. На 23-тиот км од патот Крива Паланка-Куманово, од неговата десна страна има могила која е делумно оштетена со изградбата на патот. Нејзините димензии се 36 × 25 м во основата и зачувана висина од 3,5-4 м. Со заштитните ископувања, извршени во 1988-90 година, од страна на Музејот на Македонија била истражена една половина од могилата при што биле откриени 32 гроба, со кремирање и скелетно погребување. Таму биле најдени керамички и стаклени садови, предмети од коска, железо, сребро, монети и друго од I до IV век.[1]

Поврзано

Наводи

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија (PDF). II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 200. ISBN 9989649286.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya