Чуриловски манастир (Егејска Македонија)За манастирот во Петричко, видете Чуриловски манастир (Пиринска Македонија).
Чуриловски манастир „Св. Никола“ (грчки: Μονή Αγίου Νικολάου Τσιριλόβου) — женски манастир кај селото Чурилово, Костурско, Егејска Македонија.[1] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1] МестоположбаМанастирот е сместен во северните пазуви на планината Саракина, на 4 км југоисточно од селото Чурилово. Во 1955 г. селото е преименувано во Агиос Николаос по името на манастирот. ИсторијаНе е позната годината на основање на манастирот, но според митрополитот Филарет Костурски, тој настанал на крајот од XVIII век.[1] За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 - 1908), под раководство на гркоманскиот игумен Григориј од Чурилово, манастирот станал прибежиште за грчките андарти што војвале со четите на МРО. Затоа, на 26 февруари 1905 г. Чуриловскиот манатир е изгорен од четата на Никола Марковски.[1][2][3] По неговата пропаст, манастирот станал метох на соседниот Олишки манастир.[1] Манастирот е возобновен во 1963 г. веќе како женски манастир под раководство на архимандритот Севастијан Стефанопулос. Изградено е ново крило и параклис на „Св. Антониј“. Подигната е и нова манастирска црква во облик на трикорабна базилика.[1] Ќелијата на Павлос Мелас е претворена во музеј.[4][5] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia