Чурилово (Костурско)
Чурилово (грчки: Άγιος Νικόλαος, Агиос Николаос, до 1955 Τσιρίλοβο, Цирилово)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на неколку километри од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе. До селото се наоѓа Чуриловскиот манастир. Селото се наоѓа на надморска височина од 930 метри. ИсторијаВо XV век во Кономлади биле евидентирани 25 глави на домаќинства.[3]. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чурилово се состоело од 100 семејства со 320 жители муслимани и 400 Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Чурилово имало 390 жители Македонци[4][6]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 560 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија [4][7]. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Чурилово се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 70 куќи.[8] Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 350 Грци[9]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 70 македонски семејства[10]. Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[11]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 262 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 151 жител. Во 1955 година, селото било преименувано во Агиос Николаос или Свети Никола.[12] Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, 4 жители се засолниле во Бугарија, додека 12 заминале во Бугарија по 1919 година[13]. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. ДемографијаВо 1928 година селото броело 140 жители.[14], додека во 1940 година селото броело 154 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 75 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 66 жители, во 1971 година имало 59 жители, во 1981 година имало 42 жители, додека во 1991 година имало 47 жители[15]. Денеска, населението на селото е 61 жител според пописот од 2001 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia