Шесел
Шесел (германски: Scheeßel) — општина во округот Ротенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Виме, околу 10 километри североисточно од окружниот град Ротенбург на Виме и 45 километри источно од градот Бремен. ГеографијаМестоположбаШесел се наоѓа недалеку од Линебуршкото Поле на височина од 30 метри. Низ местото тече реката Виме и нејзината притока Беке. Во месноста Булерберг со 53 метри надморска височина во местото Вестерхолц се наоѓа највисоката точка во округот. Општински единициОпштината Шесел се состои од следниве места:[2]
ИсторијаГлавното село ја прославило својата 1200-годишнина во 2005 година. Меѓутоа, ова било засновано на споменувањето на Skaesla во хрониката издадена од Карло Велики на 24 декември 805 година во Диденхофен, за што постојат повеќе теории каде постоела Skaesla.[3] ФестивалВо селото редовно се одржува годишниот фестивал Хурикан. Познати луѓе
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia