Ротенбург на ВимеЗа други истоимени места, погледајте Ротенбург.
Ротенбург на Виме (познат и како Ротенбург (Виме); германски: Rotenburg an der Wümme или Rotenburg (Wümme); долногермански: Rodenborg (Wümm)) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Виме, близу средиштето на триаголникот создаден од реките Везер и Елба и на подеднаква одделеченост од градовите Хамбург, Бремен и Хановер. ГеографијаМестоположба![]() Ротенбург се наоѓа во областа Штадер Гест, на вливот на три реки Виме, Видау и Родау. ИсторијаГрадот бил основан во 1195 година, кога архиепископот Рудолф I од Ферден изградил замок во областа. Тогаш, градот припаѓал на Архиепископијата Ферден, која била основана во 1180 година. Замокот го добил своето име од боите на тулите (рот што значи „црвен“ и бург што значи „замок“). Блиската населба останала мало село до XIX век. Во 1648 година, Архиепископијата станала Кнежевство Ферден, кое првин било владеен со личен сојуз од Шведска, прекинато со данската окупација од 1712 до 1715 година. Оттогаш било владеено од Хановерската династија. Шведски периодПо Триесетгодишната војна, владеењето на епископите на Ферден завршило и Ротенбург станал дел од секуларизираното Војводство Ферден под шведска власт. Во овој период, новите владетели го изградиле замокот со остатоците од претходниот во современа тврдина како испостава за заштита на главната тврдина во Штаде. Оваа обнова предизвикала западниот дел на градот да биде срушен, поради што главното средиште на населбата се поместила на исток. Дури и парохиската црква морала да биде срушена и да биде преместена на денешното место. Во Шведско-бранденбуршката војна од 1675 до 1676 година, градот бил освоен од сојузот на Данска и неколку држави од Светото Римско Царство и останал во нивни раце до крајот на војната во 1679 година. Со Сенжерменскиот мир во 1679 година, градот бил вратен на Шведска. Тврдината останала во употреба до околу 1680 година. Потоа почнала да пропаѓа и градбата била срушена, единствено нејзините бедеми биле поправени на некои места. По 1843 година, последните делови биле срушени. Денес, на тоа место се наоѓа стариот историски музеј. Во периодот помеѓу 1626 и 1835 се случиле седум градски пожари, кои уништиле значаен дел од градот. Шведската власт траела додека градот не бил освоен од Данска во 1712 година. Подоцнежна историјаКралството Хановер го припоило кнежевството во вистински сојуз; територијата на кнежевството, вклучувајќи го Ротенбург, станал дел од областа Штаде, основана во 1823 година. Во 1866 година, Прусија ја анектирала територијата од Хановер. Како последица на тоа, Ротенбург бил преименуван во Ротенбург во Хановер. Во мај 1969 година, градските и окружните власти го промениле името во Ротенбург на Виме. ПолитикаГрадски советГрадскиот совет се состои од 34 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 20.001 и 25.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[3]
* формално две места, технички само едно, бидејќи едното е непополнето ГрадоначалникГрадоначалникот на градот Ротенбург (Виме) е Андреас Вебер (SPD). Збратимени градовиВинзен е збратимен со следниве градови: Со другите истоимени градови Ротенбург одржува тесни врски:
Знаменитости
Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia