Бремерферде
Бремерферде (германски: Bremervörde) — град во округот Ротенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Осте, близу средиштето на триаголникот создаден од реките Везер и Елба и на подеднаква одделеченост од градовите Хамбург, Бремен и Куксхафен. Градот е прогласено одморалиште на ниво на покраината. ГеографијаМестоположба![]() Бремерферсе се наоѓа во средиштето на триаголникот Елба-Везер на реката Осте помеѓу Бремерхафен и Хамбург. Градски единициГрадот е поделен на градското јадро и составните единици. Кон него припаѓаат Беверн, Елм, Хезедорф, Хенау-Линдорф, Нидер Охтенхаузен, Изелерсхајм, Меедорф, Минштет, Остендорф, Пленјесхаузен и Шпрекенс.[2] На самото градско јадро припаѓаат следниве:
Соседни општиниГрадот Бремеферде се граничи со следниве општини:
Клима
Историја![]() До 1111 година, саксонскиот војвода Лотар, подоцна цар на Светото Римско Царство, го изградил замокот Ферде на речниот премин на реката Осте, важен за Волскиот пат, древен пат кој ги поврзувал Јитланд и Вестфалија. Поради стратешката местоположба помеѓу реките Елба и Везер бил предмет на спорови во следните векови. Подоцна бил под контрола на Хајнрих Лавот и тогаш, во 1219 година, паднало под контрола на Надбискупијата Бремен, служејќи како главен град со седиште на владата и резиденцијата на надбискупот. Собранието се состанувало на други места (обично во Басдал), додека бременскиот каптол го имал своето седиште во градот Бремен. Морис од Олденбург (1368), служејќи како војводски администратор на Бремен од 1345 година, владеел со надбискупијата од замокот Ферде. Кога новиот надбискуп Алберт II бил прогласен за владетел во 1360 година, се обидел да го тргне, но Морис се забарикадирал во замокот. Дури откако браќата на Алберт, Магнус II, војвода на Брауншвајг и Линебург и Лудвиг, како и свекорот на Лудвиг, Вилхелм II, и нивните трупи ќе го опколат Ферде во јануари 1362 година, Морис ќе потпише повлекување.[3] Надбискупите довеле за развојот на Ферде. Надбискупот Јохан III (1511), основал болница и амбуланта, обновени во 1576 година од администраторот Хајнрих III, кој исто така придонел за развојот на Ферде како пазарен град.[4] Администраторот Јохан Фридрих го проширил утврдениот замок со штали и канцеларство (изградени во 1608 г.), каде од 1960 година е сместен музејот „Бахман“ за регионална археологија, геологија и историја од 1985 година. Функцијата на главен град довела да биде именуван како „Бремерферде“ од средината на XVII век. Во 1648 година, надбискупијата била претворена во Војводство Бремен, што најпрвин било владеено во личен сојуз со Шведска. Швеѓаните го преместиле главниот град во Штаде. Во текот на шведското владеење, данскиот крал Фредерик III Дански го окупирал војводството и ја бомбардирал поранешната резиденција во 1657 година. Во 1682 година, оштетениот замок и црквата, погребно место за многу надбискупи, биле срушени, а блоковите биле пренесени во Штаде за изградба на Шведскиот магацин (Schwedenspeicher) таму. По уште една данска окупација помеѓу 1712 и 1715 во текот на Големата северна војна, Војводството Бремен било предадено на Хановерската династија, која владеела со областа до 1866 година. Во 1823 година, војводството било укинато и неговата територија влегла во областа Штаде. ПолитикаГрадски совет![]() Градскиот совет се состои од 32 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 15.001 и 20.000 жители.[5] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:
ГрадоначалникГрадоначалник од 2014 година е Детлеф Фишер (CDU). Збратимени градовиБремерферде е збратимен со следниве градови:[6]
Дополнително има договор за пријателство со британскиот град Фалмут во Обединетото Кралство. ТуризамБремерферде е крајна точка на „Германскиот пат на фериботите“ воспоставен во мај 2004 година. Овој пат поврзува разни места помеѓу Бремерферде и Кил, кои имаат врска со фериботи и премин на реки, како историските преносни мостови во Остен и Рендсбург. Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia