Фиселхеведе
Фиселхеведе (германски: Visselhövede; долногермански: Visselhöövd) — мал град во округот Ротенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на западниот раб од Линебуршкото Поле. ГеографијаМестоположбаФиселхеведе се наоѓа на надморска височина од 70 метри. Највисока точка во градското подрачје е Хеленберг во местото Дрегенбостел со 93,4 метри. Во парк во самиот град извира реката Фисел. Исто така, во градското подрачје се наоѓаат и изворите на Лерде, десна притока на Алер, Варнау и на Родаѕ, притока на Виме. Градот се наоѓа во триаголникот Бремен–Хамбург–Хановер. Градски единициФиселхеведе покрај самото градско јадро се состои од 14 места како Блекведел, Буххолц, Дресел, Дрегенбостел, Хидинген, Јединген, Кетенбург, Лидинген, Ниндорф, Отинген, Розебрух, Швичен, Вензен и Виторф. Околу половина од населението живее во самото градско јадро, а другата половина во другите помали места во самото градско подрачје. Соседни градовиСоседни градови и општини се: општината Кирхлинтелн во округот Ферден, општинската заедница Ботел во округот Ротенбург и општината Нојенкирхен во округот Хајде, како и градовите Золтау и Валсроде. ПолитикаГрадски советГрадскиот совет се состои од 24 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 9.001 и 10.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:
ГрадоначалникГрадоначалник од 2014 година е Ралф Гебел (независен). Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia