Шиме Врсаљко
Шиме Врсаљко (роден на 10 јануари 1992) — хрватски фудбалер, играч од одбраната на Интер и хрватската репрезентација. Технички одликиНеговата примарна позиција е десен бек, но тој лесно може да игра и како лев бек, што го прави многу разноврсен играч кој може да биде користен на неколку позиции. Клупска кариераНа заем во ЛокомотиваВрсаљко ја започнал својата сениорска кариера во Динамо Загреб со позајмица во фидер тимот Локомотива, каде тој бил позајмен за сезоната 2009-10. Тој дебитирал за Локомотива во хрватската лига во меч против Риека на 26 јули 2009 година, на возраст од 17 години. Врсаљко започнал во секој еден од седумнаесет натпревари за Локомотива во 2009 година, притоа бил заменет само во една случај, на деведесет минути пред крајот. Тој се вратил во Динамо Загреб на 22 декември 2009 година пред тимот да оди на зимски одмор. Динамо ЗагребВрсаљко го одиграл својот прв натпревар за Динамо Загреб на 27 февруари 2010 против Кроатија Сесвете во Прва ХНЛ. Тој направи уште девет настапи до крајот на сезоната за Динамо Загреб, одигрувајќи вкупно 27 лигашки натпревари во текот на целата сезона. Исто така, забележал еден настап во полуфиналето на Хрватскиот куп. Врсаљко ги пропушти првите натпревари на Динамо Загреб во сезоната 2010-2011, бидејќи беше повикан на меѓународни обврски со репрезентацијата на Хрватска до 19 години. Тој го направи своето прво појавување во сезоната на 31 јули во лигашки натпревар против Ријека која Динамо Загреб ја загуби со 2-1. Врсаљко потоа го направи своето деби во Европски натпревар, кога неговиот тим губи со 6-5 на пенали од молдавскиот Шериф Тираспол во квалификацииите за Лигата на шампионите. Во текот на август, тој е поврзан со трансфер во Олимпик Марсеј за сума од € 4 милиони евра, но извршниот заменик-претседател на клубот Здравко Мимиќ ја одби понудата на францускиот клуб. На 29 август тој го постигна својот прв официјален гол за клубот во лигашки натпревар против Цибалија кога Динамо Загреб победи со 2-0. ЏеноваНа 12 јули 2013, Врсаљко и се приклучил на италијаската Џенова за обесштетување кое се верува дека изнесува околу 4 милиони €. Тој дебитирал во Серија А во натпреварот Интер-Џенова 2-0. СасуолоНа 23 јули 2014 бил купен од Сасуоло за сума од 3,5 милиони евра плус бонуси од 2 милиони евра.[1][2][3] Своето деби за нероверде Врсаљко го имал на 31 август 2014 во ремито 1-1 на домашен терен против Каљари , влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Никола Сансоне во 83-тата минута.[4] На 23 ноември 2014, Врсаљко бил асистент за победничкиот гол кој го постигнал Антонио Флоро Флорес во 87-мата минута, во успехот со 0-1 на гостувањето кај Торино.[5] Својата прва сезона во клубот ја завршил со вкупно 22 настапи (21 во лигата и еден во купот) без постигнат гол, но забележал 3 асистенции. Во втората сезона во Сасуоло, Врсаљко бил клучна фигура во одбранбената линија на тренерот Еузебио Ди Франческо играјќи во 35 првенствени натпревари и помагајќи му на клубот да стигне до историското за нив 6-то место во Серија А на крајот од сезоната и пласман во квалификациите за Лига Европа следната сезона.[6][7] Атлетико МадридНа 5 јули 2016, Врсаљко потпишал петгодишен договор со шпанскиот Атлетико Мадрид, кој за трансферот му платил на Сасуоло 18 милиони евра.[8] Дебитирал на 17 септември во победата над Спортинг Хихон со 5-0. Репрезентативна кариераТој го доби својот прв повик за Фудбалска репрезентација на Хрватска на 2 ноември 2010 година за Евро 2012 квалификациите против Малта. Тој го направи дебито за репрезентацијата на 9 февруари 2011 во пријателски натпревар против Чешка. Клупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 15 март 2017.
Титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia