Штировица (река)
Штировица[1] или Штировичка Река[2] — река во Западна Македонија и десна притока на Радика. ТечениеИзворишната област на реката се наоѓа меѓу врвовите Црна Чука и Котата, на источната падина во северниот дел на планината Кораб[2], под превојот Голема Корабска Врата. Реката е образувана со спојување на неколку потоци во месноста Песок, на надморска височина од околу 1.950 м. Течението на реката продолжува низ историското село Штировица, поминува покрај караулата Стрезимир и на надморска височина од околу 1.270 м се влева во реката Радика од нејзината десна страна, на местото каде што од левата страна во Радика се влева и Аџина Река. ХидрографијаВкупната должина на Штировица изнесува 9,5 км. Сливното подрачје на реката зафаќа површина од 26,8 км2 и истото припаѓа на Јадранскиот речен слив.[2]. Во долното течение на реката Штировица, во непосредна близина на пограничната караула „Победа - Стрезимир“ и некогашното раселено истоимено село, на реката постои водозафат - бетонска брана од која дел од водите се пренасончуваат кон караулата и хидросистемот на електраните во Маврово. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia