Стрезимир
Стрезимир — историско село во областа Горна Река, денес во атарот на селото Бродец, Општина Гостивар. Денес, во месноста се наоѓа караулата на граничната полиција и е почетна точка за планарските друштва за искачување на Кораб. Жителите биле Македонци-Шкрети од православна и исламска вероисповед, заведувани како „Албанци“. Географија и местоположба![]() Остатоците од селото се наоѓаат во областа Горна Река, на подножјето на Кораб, по горното речение на Радика. Денес, селото влегува во атарот на Бродец, поради што припаѓа на Општина Гостивар, иако единствениот пат до него е преку Трница или Маврови Анови. Во близина на селото постои времен граничен премин Стрезимир-Рестелица.[2] ИсторијаНа почетокот на XIX век Стрезимир, како и останатите горнорекански села, бил во фаза на активна албанизација. Во 1844 година, Атанасиј Ивановски од Стрезимир дал средства кон издавањето на книгата „Првоначална наука за должностите на човекот“ од швајцарскиот деец Франческо Соаве.[3] Симон и Стефан Трифуновски од Стрезимир во 1879 гдина учествувале во Македонското востание во четата на Ѓорѓија Пулевски.[4] На крајот од XIX век Стрезимир било мешано христијанско-муслиманско „албанско“ (впрочем македонско) село во Реканската каза. Селото било уништено за време на војните 1912-1918 година.[5] НаселениеСпоред „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. селото (Strézorive) имало 40 домаќинства со 136 православни „Албанци“.[6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Стрезимир имал 180 жители „Арнаути“ христијани и 56 „Арнаути“ муслимани.[7] Според цариградскот митрополит Поликарп Дебарски и Велешки во 1904 г. во Стрезимир имало 14 „српски“ куќи[8], иако ова несомнено е пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година христијанското население на Стрезимир (Strezimir) се состои од 84 „Албанци“.[9] Во следниот период врз христијанското население на селото успешно дејствувала српската пропаганда, и според статистиката на весникот „Дебарски глас“ во 1911 г. во Стрезимир има 26 „Албанци“, припадници на српската црква (Пеќската патријаршија).[10] Во Стрезимир живеело мешано население, сите со потекло од истоимено село во Албанија.[5] Личности
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia