Штировица
Штировица — историско село во областа Река, северозападна Македонија, денес во атарот на с. Бродец, Општина Гостивар. Жителите биле Македоци-Шкрети од исламска вероисповед, заведувани како „Албанци“. ГеографијаОстатоците од селото се наоѓаат во областа Горна Река, на подножјето на Кораб, по течението истоимената река Щировица, притока на Радика. ИсторијаВо XIX век Штировица било шкретско село во Реканската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Штировица (Chtirovitza) имала 100 домаќинства, со 235 „Албанци“ муслимани.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 400 жители „Арнаути“ муслимани.[3] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Штировица се води како чисто албанско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 90 куќи.[4] Личности
Галерија
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia