Во Средоземното Море, првите неколку децении од овој век се одликуваат со баланс на силите меѓу хеленистичките кралства на исток и големата трговска сила на Картагина на запад. Балансот бил нарушен со појавата на конфликт меѓу Картагина и Римската република.[1] Во следните децении, Картагина била прво понижена, а потоа уништена од Римјаните во Првата и Втората пунска војна. По Втората пунска војна, Рим станал најмоќната сила во западното Средоземје.
Западното Средоземје во текот на Втората пунска војна. Сино - Картагина, светлосино - сојузници на Картагина, италијански градови кои застанале на страна на Ханибал. Северноиталијански племиња кои застанале на страна на Ханибал се со син фонт. Црвено - Рим, розово - римски сојузници.
298 п.н.е.: Самнитите ги победиле Римјаните под водство на Луциј Корнелиј Скипион Барбат во Битката кај Камерина, која била првата битка од Третата самнитска војна.
221 п.н.е.: Со освојувањето на државата Чи, Чин Ше Хуанг ја обединил цела Кина во една империја во која бил вклучен и северен Виетнам, формирајќи ја династијата Цин.
206 п.н.е. - 202 п.н.е.: Граѓанска војна меѓу бунтовниците Чу и Хан во Кина по падот на династијата Цин.
202 п.н.е.: Римјани ја поразиле Картагина, со што завршила Втората пунска војна. Картагина ги изгубила сите свои територии освен главниот град, а Римјаните и наметнале тешки репарации.
Била основана кинеската Хан династија (202 п.н.е. - 220 н.е.).
Личности
Политика и влада
Селевк I ПобедникотПтоломеј I СотерЗлатна пара со ликот на птоломејската кралица Арсиноја IIХанибал БаркаЧин Ши Хуанг, првиот цар на обединета КинаГрчкиот филозоф ЗенонЕратостен
Анимација на функционирањето на Архимедовиот навој
Ератостен точно го пресметал пречникот на Земјата со камили и сенки.
Играта Го (или Веиќи), која е мислена, стратегиска игра станува длабоко вкоренета во кинеската култура, а се смета дека потекнува уште од II милениум п.н.е.
Во 293 г. п.н.е. бил пронајден првиот римски сончев часовник.
Архимедов навој била пумпа која се користела за подигање на течности на повисоко ниво
Бил пронајден музичкиот инструмент хидраулис, кој е претходник на оргулите, од страна на Ктесибиј, грчки инженер кој работел во Александрија.
Кинескиот царот Хан Гаоџу открил елабориран механички куклен театар во ризницата на претходниот владетел Чин Ше Хуанг.
Огромниот Ду Цејанг Јан систем за наводнување во Кина бил изграден од Ли Бин во кинеската провинција Сечуан, во 256 г. п.н.е.
Била изградена гробницата „Гробот на мирот“ во Черветери.
Кинеската свила за првпат стигнала на европскиот пазар.
Армиларни сфери, стара астрономска направа за мерење на координати на небесните тела, се користела како наставна алатка по астрономија.
Наводи
↑Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 180–202.
↑Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 299–306.
↑Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 307–315.